Клара Чиа Марти и Жерар Пике / Фото: Инстаграм/Жерар Пике

Шпанските медиуми тврдат: Жерар Пике ќе се венча со љубовницата Клара Чиа Марти

Пензионираниот фудбалер Жерар Пике (36) и неговата девојка Клара Чиа Марти (24) би требало да се венчаат веќе овој месец.

Оваа вест доаѓа откако беше објавено дека поранешната партнерка на Пике, пејачката Шакира е во наводна врска со возачот на Формула 1 – Луис Хамилтон.

Фото: Инстаграм/Мустафа Ахмед

Пике и неговата сегашна девојка ја објавија својата врска минатата година, откако поранешниот фудбалер ја прекина врската со колумбиската пејачка.

„Жерар Пике и Клара Чиа Marti ќе се венчаат. Поранешниот фудбалер и неговата девојка ја донесоа таа многу важна одлука. Тие го испланираа и идеалниот момент за јавно објавување на оваа радосна вест. Веста за свршувачката ќе биде објавена на важен датум за Пике – денот на венчавката на неговиот брат Марко, кој на 24 јуни ќе се ожени со својата сакана од детството Марија“, изјави извор за шпанските медиуми.

Фото: Jordi Martin / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Како потсетување, Шакира и Жерар Пике беа заедно од 2011 година, а живееа заедно во Барселона цели осум години. Тие имаат две деца – десетгодишниот Милан и осумгодишниот Саша.

Веста за нивното разделување ја споделија во јуни минатата година, со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.

„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.

Отпосле се дозна дека Пике ја изневерувал Шакира со Клара Чиа Марти уште во 2021 година и дека тоа е главната причина за нивната разделба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!