Instagram

Шпанската кралица Летиција воодушеви со „ретро“ модна комбинација

Шпанската кралица Летиција и кралот Фелипе VI неодамна се појавија на свеченото отворање на Универзитетската болница во Толедо, а воедно имаа средба и со претставници на медицинскиот персонал.

Instagram
Instagram

За оваа пригода, убавата кралица одбрала комбинација која изгледа прилично „ретро“, но всушност секој ќе се согласи дека е одличен есенски „аутфит“.

Instagram
Instagram

Летиција беше облечена во дводелен костум во креација на шпанскиот дизајнер Фелипе Варела, кој веќе го носеше во неколку наврати.

Сивиот волнен костум во комбинација со сини кожни потетици од шпанскиот бренд „Margit“ беше комплетиран со темно сина чанта во дизајн на Каролина Херера.

Instagram
Instagram

Дводелните костуми сѐ проетко се носат и се карактеризираат како малку „старомоден“ избор.  Несомнено потсетуваат на времињата кога нашите мајки и баби носеа вакви комбинации за на работа. Но, кралицата Летиција уште еднаш покажа дека овој изглед никогаш нема да излезе од мода.

Instagram
Instagram

Со само неколку детали, кои може да ги примени секоја жена, се создава модерен, елегантен, есенски изглед од оваа можеби не толку привлечна комбинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот