Прекин на струјата во Шпанија / Фото: EPA-EFE/BORJA SANCHEZ-TRILLO

Шпанија прогласи вонредна состојба поради проблемите со струјата, 30.000 полицајци ноќва ќе го чуваат редот

Шпанското Министерство за внатрешни работи вечерва прогласи вонредна состојба по прекинот на снабдувањето со електрична енергија што го зафати целиот Пиринејски Полуостров, јавува „Би-би-си“.

Министерството додаде дека вонредната состојба ќе биде воведена во сите региони на земјата што го побарале тоа. Мадрид, Андалузија и Екстремадура досега побараа од централната влада да ја преземе контролата врз јавниот ред и други функции.

Шпанското Министерство за внатрешни работи, исто така, ќе распореди 30.000 полицајци за да ја зајакне безбедноста низ целата земја.

Во меѓувреме, Службата за аеродроми и воздушна навигација на Португалија соопшти дека не очекува полетувања од Лисабон до 22 часот по локално време поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија. Аеродромите во Порто и Фаро продолжуваат да работат со ограничен режим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот