Фото: FIBA

Шпанија немоќна, Грузија тргна со победа на Евробаскетот

Репрезентацијата на Грузија славеше победа на Евробаскетот, совладувајќи ја Шпанија со убедливи 83-69. Тимот на Грузија одигра сигурен натпревар, во кој доминираше речиси во сите четвртини, додека Шпанците имаа само едно кратко водство во текот на мечот.

Грузијците рано стигнаа до двоцифрена предност (19-9), но Шпанија успеа до крајот на првиот период да се врати на само три поени негатива (20-17). Најизедначен дел од натпреварот беше втората четвртина, кога Шпанија и поведе со 33-32, но Грузија на одмор замина со минимална предност (37-35).

Во второто полувреме, Грузија одново презеде контрола над натпреварот.  Клучниот момент се случи пет минути пред крајот, кога разликата повторно порасна на +10 (70-60) по што исходот беше јасен.

Александар Мамукелашвили беше најефикасен кај победничкиот состав со 19 поени, Гога Битадзе додаде 15, а Токо Шенгелија натпреварот го заврши со 13 поени. Кај Шпанија, најдобар стрелец беше Вили Хернангомез со 13 поени, додека Аладама и Бризуела запишаа 12, односно 11.

Во вториот натпревар од денешната програма, Израел без многу проблеми го совлада Исланд со 83-71.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот