Олаф Шолц / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Шолц бара да не се „претерува со очекувањата“ за мировната конференција за Украина во Швајцарија

Германскиот канцелар, Олаф Шолц во интервју за магазинот „Штерн“ изјави дека „никој не треба да претерува со очекувањата“ за мировната конференција за Украина, која во јуни треба да се одржи во Швајцарија, јави ДПА.

-Нема да преговараме таму за да ставиме крај на војната. Во најдобар случај, ова е почеток на процес кој може да доведе до директни преговори меѓу Украина и Русија. Во Швајцарија тие ќе бидат за безбедноста на нуклеарните централи, извозот на жито, прашањето за размена на воени заробеници, рече Шолц.

Шолц исто така изрази разочарување од посветеноста на европските земји во војната во Украина. Тој истакна дека ова „искрено кажано се уште не е доволно“.

-На Украина итно и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана. Путин очигледно сака да ја уништи инфраструктурата на Украина, нагласи германскиот канцелар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот