
ФОТО | Скандал: Ѕвезда на турска серија обвинета за сексуално вознемирување на млада колешка!
Маркантниот турски актер Тајанч Ајајдин го привлече вниманието публика во напнатиот турски блокбастер „Диво срце“ во улогата на мирниот доктор Гувен Ајдин, таткото на главниот лик Али Јаман (Халит Озгур Сари). Турските медиуми пишуваат дека тој сега се нашол во центарот на скандалот, бидејќи младата актерка Дога Лара Акаја јавно објавила пораки и го обвинила за вознемирување.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
View this post on Instagram
Дога Лара Акаја објавила пораки на социјалните мрежи со кои го обвинува својот колега Тајанч Ајајдин дека ја вознемирувал по снимањето на серијата „Тозлујака“. Таа тврди дека тој ѝ испраќал несоодветни и двосмислени пораки, пишува турски „Милијет“.
Актерката нагласила дека немала намера јавно да го разоткрие, но откако тој ги негирал обвинувањата, таа најавила дека има уште пораки да покаже со преземање правни мерки. Акаја тврди дека оженетиот актер ѝ испраќал пораки во кои ја нарекувал „најубавата жена на светот!“ и ја моли да му „испрати фотографија само од неа“. Во една од пораките тој ѝ напишал: „Кога би била барем малку постара, ќе те бакнев“.
View this post on Instagram
Ајајдин признал дека навистина ја испратил пораката, но не мисли дека била злонамерна.
„Можеби бев непромислен, но никогаш немав намера да вознемирувам некого“, порачал тој, додавајќи дека не го смета своето однесување за вознемирување.
Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, обожавателите и колегите се поделени. Некои го осудуваат, а други го бранат.
Скандалот, сепак, негативно се одразил на турската ѕвезда. Продукцијата на серијата „Бен Леман“ одлучила да го отстрани од проектот, додека продуцентската куќа „НТС медија“ избришала сè што е поврзано со него од официјалните објави.
Инаку, актерот е во брак со американската наставничка Сали Галаини. Двојката се запознала преку круг на пријатели во Киљос. Ајајдин изјавил дека бил импресиониран од Сали кога првпат ја запознал и дека по околу година и пол врска, решиле да се венчаат.
View this post on Instagram