Фото: Принтскрин

Шокантна снимка: Американска полиција во богаташка вила запленила повеќе од 1.000 парчиња оружје (ВИДЕО)

Полицијата во Лос Анџелес објави фотографии од повеќе од 1.000 парчиња оружје кое го запленила во богаташка вила, која се наоѓала во близина на Плејбој вилите.

Покрај тоа што откриле огромно складиште со оружје, полицајците откриле и делови од оружје и илјадници куршуми расфрлани по собите.

Полицаецот Крис Рамирез рекол дека никогаш до сега, во својата кариера долга 31 година, не здогледал толкава количина на оружје на едно место во така добар регион.

Рација во овој имот во богат дел од Лос Анцелес била извршена во средата, откако полицијата добила анонимна информација за незаконска продажба на огнено оружје.

По пронаоѓањето на оружјето едно лице било уапсено, пренесуваат американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот