Фото: - / INSTAR Images / Profimedia

Шокантна исповед на сопругот на Дениз Ричардс: „Зависна е од лекови и имаше афера со друг маж!“

Глумецот Арон Фајперс тврди дека неговата сопруга, актерката Дениз Ричардс, имала афера со друг маж и дека повеќе од деценија е зависна од лекови против болка, пренесува „Пејџ Сикс“.

Овие тешки обвинувања ги изнел во писмо упатено до блиски пријатели и роднини, откако Ричардс прва го обвини за семејно насилство.

Во писмото, Фајперс пишува дека неговата сопруга има потреба од „интервенција“, бидејќи, како што вели, „речиси десет години се бори со зависност од Викодин (кој во шега го нарекува ‘витамин Д’ или ‘бели костени’), во комбинација со Адерал и текила“. Тој тврди дека Ричардс веќе не јаде нормално, дека се онесвестувала од дрога, загрозувајќи го својот живот и животите на другите, вклучувајќи ја и нивната ќерка, 13-годишната Елоиз.

Фајперс, исто така, навел дека оваа година дознал за аферата на Ричардс со друг маж.

„Ме молеше да не ја оставам, ми тврдеше дека тоа ништо не значи и дека ме сака само мене. Потоа ги негираше дури и експлицитните пораки што ги најдов. Иако ми вети дека ќе престане, се појавија уште повеќе лаги и шокантни докази“, напишал тој.

Според документите, славната актерка поднела барање за развод, а пред неколку недели и јавно го обвини Фајперс за физичко насилство. Тој, пак, тврди дека таа физички го нападнала него.

„На 4 јули, додека нарачував храна за Елоиз, Дениз ме обвини дека сум ја искористил нејзината картичка. Се случи хаос, а мојот мобилен телефон исчезна. По 20 часа барање, откако ме нападна физички, го пронајдов телефонот скршен во вреќа со ѓубре. Кога ја прашав зошто го направила тоа, сè негираше. Истата вечер ми прати порака дека ќе поднесе барање за развод“, напиша тој.

Фајперс вели дека откако ја поднел тужбата за развод, тој и неговите родители биле мета на психичко малтретирање.

„Станав жртва на следење, ми беше оневозможен пристап до моите лични работи, а моите стари родители беа исплашени и вознемирувани – само затоа што ми помагаа во грижата за нејзините миленичиња, нејзината ќерка и нашиот дом. Ова не е само прекин на врска, туку повик за помош“, вели тој.

Во меѓувреме, Дениз тврди дека Фајперс со години ја злоставувал. Во судските документи што ги доставила се вклучени и фотографии од модринка на окото.

„Арон често ме давеше, ми ја стегаше главата со двете раце, ме удираше по лице и глава, ме туркаше во држачот за пешкири, ми се закануваше дека ќе ме убие, стоеше со колено на мојот грб толку силно што молев да се тргне, ми ги хакна лаптопот и телефонот и ми ги читаше пораките. Често се закануваше дека ќе ми ја скрши вилицата, а потоа ќе плачеше и ќе ме молеше да останам, ветувајќи дека ќе побара помош – што никогаш не го направи“, тврди актерката.

Таа додава дека сопругот ѝ се заканувал и со самоповредување и со напад на полицијата доколку го пријави. Судијата му изрече мерка за забрана на приближување, со која Фајперс мора да се држи на најмалку 91 метар од Ричардс, нејзиниот дом, возила и имот.

ВИДЕО+ФОТО | Ќерката на Денис Ричардс и Чарли Шин со вознемирувачко обвинение: Животот во куќата на мајка ѝ бил пекол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот