EPA/OLIVIER ANRIGO

Шок: Почина познатиот агент Мино Рајола

Веројатно најпознатиот фудбалски агент на светот Мино Рајола почина на 54-годишна возраст, по боледување, пишува „Газета дело Спорт“.

Рајола беше претставник на ѕвезди како Пол Погба, Ерлинг Халанд, Златан Ибрахимовиќ, Ромелу Лукаку, Марио Балотели, Марко Верати и Хенрих Мхитарјан.

Тој беше хоспитализиран во Милано во јануари и опериран, но природата на болеста не беше откриена. Закрепнуваше во својот дом.

Рајола, кој има скромен бекграунд, стана една од највлијателните фигури во фудбалот, посредувајќи мега-зделки во кои се вклучени некои од најистакнатите играчи.

На пример, тој заработи дури 20 милиони фунти од рекордната продажба на Погба од 89 милиони фунти од Јувентус во Манчестер јунајтед во 2016 година. Форбс минатата година процени дека личното богатство на Рајола изнесува околу 85 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!