EPA-EFE/VASSIL DONEV

ВИДЕО | Шојгу: Околу 16.000 доброволци се подготвени да се борат во Донбас од страна на Русија

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на состанокот на Советот за безбедност на Русија изјави дека 16.000 доброволци од Блискиот Исток се подготвени да се борат во Донбас.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин поддржа доброволци да се борат, во како што ја нарекува, „специјална воена операција“ во Украина.

– Ако видите дека има луѓе кои сакаат на доброволна основа (да им помогнат на сепаратистите во Источна Украина), тогаш треба да се сретнете со нив на половина пат и да им помогнете да се префрлат во борбени зони, му рече Путин на министерот за одбрана Сергеј Шојгу за време на состанокот на Советот за безбедност, што беше пренесуван во живо на руските државни телевизиски медиуми.

Путин одобри и противтенковските преносни ракетни фрлачи Џавелин и Стингер, запленети од страна  на руската армија во Украина, да им бидат предадени на силите во Донбас.

Исто така, телевискиот канал на руското Министерство за одбрана објави видео снимка на која може да се забележат сириски борци со руски знамиња и симболот „Z“, велејќи дека тие се спремни да волонтираат.

ВИДЕО | Што значи буквата „Z“ на руските воени возила и како стана симбол на поддршка за руската инвазија на Украина?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот