Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Шмајхел: Европското првенство во 1992 година го освоивме и за Југославија
Поминаа повеќе од три децении од сензационалната титула на Данска на Европското првенство во 1992 година, но емоциите кај легендарниот голман Петер Шмајхел и денес се свежи. Во своето последно интервју, поранешниот чувар на мрежата на Манчестер јунајтед се наврати на таа неверојатна фудбалска приказна, кога Данците станаа шампиони, иако првично воопшто не беа квалификувани за турнирот.
Препорачано
„Сезоната беше завршена, сите планиравме одмор. Никој не ни помислуваше на Европско првенство. Но, потоа се појавија гласини дека Југославија ќе биде исфрлена. Не го посакувавме тоа, ниту за нас, ниту за нив. Премногу болка имаше таму. Но, кога стана јасно дека ние ќе учествуваме, моравме да дадеме сè од себе“, се присети Шмајхел.
Данска доби покана буквално во последен момент, откако Југославија беше суспендирана поради војната, и беше сместена во истиот хотел каде што требаше да престојува југословенската репрезентација.
„Ремито без голови против Англија на стартот ни даде неверојатна самодоверба. Потоа сè прерасна во вистинска авантура. Се чувствувавме како да не играме само за себе, туку и за оние што требаше да бидат таму. Бевме сместени во хотелот на Југославија, не можевме да не мислиме на нив. Кога ја освоивме титулата, чувството беше како да ја делиме со нив“, искрено раскажа легендарниот голман.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
9мин
-
20мин
-
28мин
-
43мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5