Фото: FC Shkupi

Шкупи најде стадион на кој ќе го пречека Вардар

И по четири одиграни кола во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкупи и натаму нема да настапува на својот стадион во Чаир. Сепак, за разлика од ситуацијата со Силекс, овојпат чаирчани нема да претрпат службен пораз, бидејќи најдоа алтернатива, натпреварот против Вардар ќе се одигра во Струмица, потврди клубот преку социјалните мрежи.

Како што е познато Шкупи не создае услови за ВАР технологијата која се користи сезонава во македонскиот фудбал, па поради тоа ФФМ не дозволува да играат натпевари во Чаир.

Од Шкупи претходно најавија дека активно работат на подобрување на условите за ВАР, со надеж дека ќе се вратат во Чаир веќе за овој натпревар, но тоа сепак не се реализира.

Дополнителна загриженост изразија и од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), откако на неодамнешната инспекција на стадионот не се појавил ниту еден клупски претставник, а присутни биле само членовите на навивачката група „Шверцери“.

Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар, кој го отвора четвртото коло во ПМФЛ, е закажан за утре од 16:30.

Стадионот во Чаир не ги исполнува условите за натпревари од Првата македонска фудбалска лига

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот