фото: instagram.com/fcshkupi1927

Шкупи ќе биде казнет од УЕФА со најмалку два натпревари без публика!?

УЕФА денеска ќе одлучува за казните на Шкупи по инцидентите на натпреварот против Левски во квалификациите за Конференциската лига во четврток, кој „сините“ го добија со 2:0.

Делегатот Жан Пол Миевис ги запиша сите инциденти на стадионот. Обвинувањата кон Шкупи се доста сериозни. Ова сигурно ќе им донесе најмалку 2 натпревари без публика, пренесуваат бугарските медиуми.

При ваквите скандали, УЕФА постапува брзо и директно го ангажира своето жалбено тело, за да не се губи време со жалба. Средбата ќе биде во понеделник, а санкциите ќе бидат јасни или навечер или во вторник наутро.

Бугарската фудбалска федерација испрати писмо дека ќе биде опасно навивачите на Шкупи да дојдат во Софија на реваншот против Левски кој ќе се игра на 3 август.

Потсетуваме, навивач на Левски беше прободен со нож во пределот на стомакот. Беше опериран во пределот на црниот дроб, моментно е на апарати, а неговата здравствена состојба е тешка, но стабилна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот