Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Шкендија во Разград сака да го повтори историскиот успех на Вардар

Македонскиот претставник Шкендија вечерва во Разград ќе го одигра реваншот од плеј-офот за пласман во групната фаза на Лигата на Европа, против бугарскиот шампион Лудогорец. Тетовци патуваат со позитивен резултат од 2:1 од првиот натпревар во Скопје и се наоѓаат на чекор најголемиот успех во клупската историја.

Иако Лудогорец важеше за фаворит во овој двомеч, Шкендија покажа зрелост, квалитет и голема борбеност, наговестувајќи дека може рамноправно да се носи со далеку поискусниот противник.

Дуелот ќе се игра на „Хуверфарма арена“ во Разград, стадион со капацитет од 10.423 гледачи, а стратегот на Шкендија, Јетон Беќири, на вчерашната прес-конференција порача дека неговиот тим влегува со целосен респект, но и со силна самодоверба.

„Веќе направивме голем чекор, но мора да останеме мотивирани и гладни за уште. Лудогорец е фаворит на хартија, но фудбалот не е секогаш логичен – има многу примери каде финансиски посилни екипи биле елиминирани. Ќе дадеме сè од себе“, изјави Беќири.

Доколку Шкендија успее да ја задржи предноста, ќе стане втор македонски клуб кој ќе игра во Лигата на Европа, по историскиот настап на Вардар во 2017 година.

Натпреварот започнува во 19:30 часот, а тетовските навивачи со нетрпение очекуваат уште една незаборавна европска вечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот