Фото: KF Shkëndija

Шкендија вечерва ги започнува квалификациите за Лигата на шампионите, ТНС не смее да се потцени

Фудбалерите на Шкендија вечерва ќе го одиграат првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите, каде што ќе се соочат велшкиот шампион ТНС. Натпреварот ќе се игра од 20:00 часот, а двете екипи со нетрпение го чекаат почетокот на оваа нова европска авантура.

Ова не е прво соочување меѓу овие два тима. Тие се сретнаа и во истата фаза од квалификациите во 2018 година, кога тетовци одиграа спектакуларен натпревар на гости и победија со високи 0-5. Реваншот во Скопје понуди сосема поинаква слика ТНС славеше со 0-4 и беше на чекор од сензационален пресврт, но Шкендија сепак обезбеди пласман понатаму.

Поради тој пораз, Велшаните имаат дополнителен мотив. Нивниот стратег, Крејг Харисон, отворено зборува за желбата за одмазда.

„Тоа беше горчливо искуство за клубот. Иако не бев дел од екипата тогаш, знам колку тој пораз боли. Сега имаме шанса да им се реваншираме. Ќе биде тешко на двата натпревари, но веруваме дека можеме да ја минеме оваа рунда“, изјави Харисон.

Во таборот на Шкендија владее оптимизам и самодоверба. Тренерот Јетон Бекири нагласува дека тимот е максимално подготвен и дека од првиот ден на подготовките се работело посветено, особено по дознавањето на името на противникот.

„Верувам во моите фудбалери. Направивме се што е во наша моќ да бидеме подготвени за овој предизвик. Очекувам сите да го дадат максимумот“, порача Бекири.

Сепак, ТНС не е за потценување. Во минатата сезона успеа да се пласира во групната фаза од Конференциската лига, каде што се сретна со сериозни противници како Фиорентина, Ѓургарден, Астана, Шамрок Роверс, Панатинаикос и Цеље. Велшкиот првак ја заврши сезоната на 32. место, пред Динамо Минск, Ланре, ЛАСК и Петрокуб.

Беќири: Фудбалерите имаат доволно информации за противникот, се надевам утре ќе ги искористат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот