фото: instagram.com/fcshkendija

Шкендија убедлива над Воска Спорт, Силекс пукна „петарда“ против Беса 1976

Во неделата се одиграа шест натпревари од 27 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во кои само на еден меч немаше победник.

Шкендија на домашен терен со 4:0 беше убедлива против Воска Спорт, во првиот дел во листата на стрелците се запишаа Адеми во 32 и Тамба во 38 минута. Во второто полувреме Ибраими во 51 минута стрелаше за 3:0, а конечниот епилог го постави Каба во судиското надополнување (90+2`).

Силекс ја оствари највисоката победа откако со 5:0 го декласираше составот на Беса 1976. За клубот од Кратово хет-трик постигна Ѓорѓиевски, а по еден погодок запишаа Алиќ и Додев.

Немаше победник на дуелот Вардар – Тиквеш (2:2), во 41 минута тимот од Кавадарци стекна позитива преку Садик, а пред паузата (45+2`) за израмнување се погрижи Закариќ.

Тиквеш дојде повторно во водство во 53 минута преку Мишов, а скопските „црвено-црни“ во финишот успеаја да дојдат до бод со голот на Сенгхор (90+3`).

Работнички направи чекор назад во борбата за титулата, откако претрпе пораз од актуелниот шампиоон Струга (1:0). Гостите дојдоа до триумфот со голот на Укпа во 54 минута.

Гостивар го надигра Шкупи со 3:1, иако тимот од Чаир дојде прв до позитива во петтата минута со погодокот на Имери, следуваше пресвртот на домаќините кој прво израмнија во 10 минута со голот на Глишиќ.

За 2:1 стрелаше Ервин во 69 минута, а конечниот епилог го постави Ајдини (90+1`).

Брера го совлада Пелистер (2:1), струмичкиот тим дојде во позитива во 38 минута со голот на Ѓоргиевски, потоа во 70 минута Ндзенгуе постигна гол за 2:0, а битолската екипа до крајот на мечот само го ублажи својот пораз во 92 минута преку Трајкоски.

Прва македонска фудбалска лига
27 коло
Недела, резултати
:

Гостивар – Шкупи 3:1, Пелистер – Брера Струмица 1:2, Работнички – Струга 0:1, Шкендија – Воска Спорт 4:0, Силекс – Беса 1976 5:0, Вардар – Тиквеш 2:2.

Табела: Шкендија 59 бодови, Силекс 55, Работнички 49, Гостивар 47, Струга 45, Шкупи 33, Вардар 29, Пелистер 29, Брера Струмица 24, Беса 1976 24, Тиквеш 23, Воска Спорт 22.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот