Фото: ФК Шкендија

Шкендија со минимална победа против Тиквеш

Шкендија го совлада Тиквеш со 1-0 на домашен терен и ја оствари четвртата победа во сезоната. Тетовци иако не брилираа на теренот, на крајот успеаја да ги освојат трите бода и да остане во чекор со водечкото трио на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Во 36. минута, по првата сериозна акција, Шкендија поведе. Латифи од левата страна нафрли на втората статива, каде Спахиу погоди и донесе водство за тетовскиот клуб.

Тиквеш имаше две одлични шанси за израмнување – Стојанов промаши во 69. минута од блиска дистанца, а Садик не искористи шанса девет минути подоцна. На крајот, иако имаше шанси за поголема предност, Шкендија го одржа водството и го обезбеди триумфот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот