
Шкендија го промовираше и второто зимско засилување!
После косовски, тетовските „црвено-црни“ ангажираа и албански репрезентативец кој ќе им „сервира“ на напаѓачите во постигнувањето на голови.
Играчот за врска во нападот Валон Ахмеди (25) потпиша договор три и пол години со екипата на Шкендија.
Препорачано
Ахмеди доаѓа во тетовскиот прволигаш од хрватскиот шампион каде што досега ги бранеше боите на Интер Запрешиќ.
Професионалната кариера ја започна во италијанската екипа на Судтирол, па продолжи во словенечките тимови на Целје и Марибор, а запиша и настапи за израелскиот Ирони Кирјат Шмона.
– Многу сум среќен. Им се заблагодарувам на сите членови на овој клуб за топлиот пречек, за нивниот професионализам, доверба. Ова е големо задоволство, привилегија да се биде дел од еден клуб каков што е Шкендија. Ми останува само со напорна работа, пот и максимална посветеност да ја оправдам довербата и едвај чекам да започнам со тренинзи и настапи – рече Ахмеди за клупскиот сајт.
Има два натпревари за најдобрата албанска репрезентација, а има и мечеви дресот на националните селекции У19, У20 и У21 на таа земја.
Ахмеди ќе им се придружи на своите нови тимски колеги на 5 јануари кога е првиот собир пред зимските подготовки, тој е второто засилување, претходно беше промовиран косовскиот репрезентативец Ардин Далку.