Шестмина патници не се појавиле на летот од Скопје за Финска попладнево

Финска ја смета Македонија за високоризична земја, зашто има повеќе од 8 позитивни случаи на 100.000 жители.

Шестмина од патниците кои требало да заминат на летот Скопје за Турку, Финска попладнево со лет на Визер, не се појавиле на закажаното патување иако имале резервиран билет, дознава Слободен печат од официјални извори на скопскиот аеродром.

Во авионот на Визер кој попладнево полетал за Финска во 17 часот, имало 143 патници што се упатиле на закажаната дестинација.

Таму во саботата со ист лет пристигнаа 157 патници од Скопје, претежно косовски државјани, но и лица со македонски, фински, албански, бугарски и шведски пасоши.

Откако сите 157 доброволно се тестирале на аеродромот, 24 лица добиле позитивен резултат на коронавирусот.

По ова финските власти решија да воведат задолжителен карантин и случајно тестирање кое ќе биде задолжително за сите патници што ќе слетаат од Македонија. Финска ја смета Македонија за високоризична земја, зашто има повеќе од 8 позитивни случаи на 100.000 жители.

Непознато е зошто овие шест патници во последен момент одлучиле да не се качат на летот на Визер и дали тоа има некаква врска со фактот што после слетувањето би морале да одат во задолжителна двонеделна изолација.

Финска обзнани дека за тие што ја прекршат самоизолацијата а доаѓаат од високоризични држави, ќе следуваат три месеци затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот