Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Шестгодишно девојче исчезна во Јужна Африка, мајка ѝ е обвинета за трговија со луѓе
Мајката на шестгодишното девојче кое исчезна во Јужна Африка на 19 февруари е обвинета за трговија со луѓе и киднапирање. Кели Смит беше обвинета заедно со нејзиното момче Жакен Аполис и уште две лица.
Препорачано
Џослин Смит исчезна пред нејзиниот дом во заливот Салдана, во близина на Кејп Таун. Обвинителството тврди дека мајката ги испратила Аполис и уште еден од обвинетите, Стефан ван Рин, да ја продадат Џослин за 20.000 ранди (околу 980 евра), пишува Би-Би-Си.
Во Африка на секои пет часа исчезнува по едно дете, но повеќето од нив се пронајдени. Џослин сè уште не е пронајдена, и покрај тоа што морнарицата е вклучена во потрагата. Во саботата, истражителите пронајдоа крвава облека на поле во близина на местото каде што исчезна Џослин.
Кели Смит и нејзините сообвинети ќе останат во притвор до 13 март, кога повторно треба да се појават на суд. Сите рекоа дека ќе побараат правна помош. Пред апсењето, мајката изјави за Дејли Воис дека верува во тоа дека нејзината ќерка ќе биде пронајдена.
“Моите мајчински инстинкти ми кажуваат дека ќерка ми е сè уште жива. Ќе ја најдеме. Ќе барам во секоја колиба. Сама ќе го сторам тоа ако треба”, рекла таа.
Властите понудија награда од 100.000 ранди (околу 4.900 евра) за секој кој може да даде информации за тоа каде се наоѓа девојчето.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
21мин
-
28мин
-
36мин
-
46мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5