Река Вардар / илустрација / Фото: МРТ

Шеснаесетгодишното девојче по кое се трага се капело во Вардар, но реката го повлекла

Шеснаесетгодишното девојче по кое се трага, вчера влегло во реката Вардар да се капе, но реката го повлекла, а дваесет и деветгодишната девојка која се капела со неа не успеала да ја извлече.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Велес вчера попладне околу 16.30 часот.

– Било пријавено дека К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во с.Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од с.Уланци, додека се капеле во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, малолетничката била одвлечена по течението на реката. К.П. неколку пати се обидела да ја извлече, но не успеала – велат од МВР.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Велес во координација со САЕ Тигар, Единицата за специјални намени Волци на Армијата, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица и кајакари од кајакарски клуб од Велес започнале потрага за пронаоѓање на девојчето, која беше прекината во 20.50 часот и продолжи денеска.

За инцидентот вчера соопштија од Центарот за управување со кризи од каде кажаа дека сестрата на девојчето вознемирена пријавила во полиција и побарала помош. Потрагата по девојчето продолжува и денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот