Шерон и Ози Озборн - Фото: Инстаграм

Шерон Озборн првпат во јавност по погребот на Ози: Ќерката Кели откри дека соколарството ѝ ја вратило насмевката

Шерон Озборн (72) за првпат беше видена во јавност по смртта на нејзиниот сопруг, рок легендата Оззи Озборн, кој почина на 22 јули на 76-годишна возраст. Поранешната ТВ водителка и менаџерка моментално поминува време со ќерката Кели (40) во Корнвол, каде заедно се посветиле на нова заедничка пасија – соколарство.

Кели објави видео на Инстаграм од нивната посета на Cornwall Falconry во Бјугл, во близина на Сент Остел, на кое напиша:

„Денес ја запознав мајка ми со соколарството и таа беше воодушевена! Ви благодарам што ѝ ја вративте насмевката на лицето.“

Смртта на фронтменот на „Black Sabbath“ предизвика голем број реакции и почит низ целиот свет. Тој беше погребан на 30 јули на својот имот во Бакингемшир, на приватна церемонија со семејството и пријатели, меѓу кои и Мерилин Менсон и долгогодишниот гитарист Зак Вајлд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Osbourne (@kellyosbourne)

Официјалните документи наведуваат неколку причини за смртта – срцев удар, инфаркт, коронарна артериска болест и Паркинсонова болест со автономна дисфункција. Семејството во соопштение изјави дека Ози починал „опкружен со љубов“.

Во меѓувреме, „Би-би-си“ беше принуден да го повлече планираниот документарец за Ози, откако семејството изразило загриженост дека проектот бил избрзан. Според извори, главна причина за одложувањето била грижата за „тонот и темата“ на продукцијата.

Иако останува тивка на социјалните мрежи, Шерон неодамна стави емотикон на објава на тимот што го менаџира официјалниот профил на Оззи, во која беше споделена негова фотографија од настап и емотивна порака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот