
Шерон Озборн првпат во јавност по погребот на Ози: Ќерката Кели откри дека соколарството ѝ ја вратило насмевката
Шерон Озборн (72) за првпат беше видена во јавност по смртта на нејзиниот сопруг, рок легендата Оззи Озборн, кој почина на 22 јули на 76-годишна возраст. Поранешната ТВ водителка и менаџерка моментално поминува време со ќерката Кели (40) во Корнвол, каде заедно се посветиле на нова заедничка пасија – соколарство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кели објави видео на Инстаграм од нивната посета на Cornwall Falconry во Бјугл, во близина на Сент Остел, на кое напиша:
„Денес ја запознав мајка ми со соколарството и таа беше воодушевена! Ви благодарам што ѝ ја вративте насмевката на лицето.“
Смртта на фронтменот на „Black Sabbath“ предизвика голем број реакции и почит низ целиот свет. Тој беше погребан на 30 јули на својот имот во Бакингемшир, на приватна церемонија со семејството и пријатели, меѓу кои и Мерилин Менсон и долгогодишниот гитарист Зак Вајлд.
View this post on Instagram
Официјалните документи наведуваат неколку причини за смртта – срцев удар, инфаркт, коронарна артериска болест и Паркинсонова болест со автономна дисфункција. Семејството во соопштение изјави дека Ози починал „опкружен со љубов“.
Во меѓувреме, „Би-би-си“ беше принуден да го повлече планираниот документарец за Ози, откако семејството изразило загриженост дека проектот бил избрзан. Според извори, главна причина за одложувањето била грижата за „тонот и темата“ на продукцијата.
Иако останува тивка на социјалните мрежи, Шерон неодамна стави емотикон на објава на тимот што го менаџира официјалниот профил на Оззи, во која беше споделена негова фотографија од настап и емотивна порака.