
Шер за врската со Том Круз: „Тој ми е во топ пет најдобри љубовници“
На поранешните сопруги на Том Круз сите се сеќаваме, но само малкумина од нас знаат дека актерот бил во романтична врска и со славната Шер.
Препорачано
Во 1980-тите, Том Круз стана еден од водечките актери во Холивуд благодарение на улогите во филмовите како „Топ Ган“, „Легенда“ и „Ризичен бизнис“, а во тоа време, Шер која е 16 години постара од Круз веќе две децении беше голема ѕвезда.
Шер првпат го запознала актерот во 1985 година, кога Том имал 23, а Шер 38. Тие се запознале на свадбата на Мадона и Шон Пен во 1985 година и имале кратка љубовна врска.
Судбоносна средба во Белата куќа
Романсата меѓу Том Круз и Шер започнала откако тие повторно се сретнале на настан во Белата куќа, каде што и двајцата добиле награда за достигнувања во борбата против дислексијата. Пејачката подоцна изјавила дека меѓу нив има силна врска и дека Том е еден од нејзините најдобри љубовници. Сепак, нивната врска не траела долго поради премногу професионални обврски.
Cher and Tom Cruise dated in the 80s. The two met during Madonna and Sean Penn’s wedding in 1985. Cher did share that Cruise was one of her top five best lovers.
byu/DaddiesLittleBottom inOldSchoolCool
„Многу познати личности беа поканети во Белата куќа, вклучувајќи нè и Том и мене. Помина многу време од тогаш до нашиот прв состанок, но дури и тогаш имаше хемија“, рече Шер, која во шоуто на Џејмс Корден призна:
„Морам да кажам дека Том е во моите топ пет љубовници.
На гостувањето кај Опра Винфри таа ги откри деталите за нивниот прв состанок.
„Тоа беше многу долг состанок – живеев во неговиот стан“.
Од 1982 до 1984 година, Шер беше во врска со колегата на Круз во Топ Ган, Вал Килмер, кој, како што вели таа, „така ме бакнуваше што мислев дека мојата глава ќе го напушти моето тело“.
Таа исто така истакна дека таа и Круз сè уште се пријатели, иако воопшто не ја разбира скиентологијата и неговиот начин на живот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram