Шер и Вал Килмер: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Шер се збогува со Вал Килмер со кој беше во врска во 80-тите: Ќе ми недостигаш

Откако беше потврдена веста дека почина легендарниот актер Вал Килмер, бројни фанови, колеги и пријатели се простија од големата ѕвезда. Една од нив беше познатата пејачка Шер, која беше во врска со Килмер во 1980-тите, а подоцна му остана голем поддржувач за време на неговата битка со ракот на грлото.

“Ќе ми недостигаш. Беше смешен, луд, напорен, но и одличен пријател. Децата те сакаа. Брилијантен како Марк Твен и храбар за време на болеста”, напиша Шер на Икс.

Љубовниот живот на Килмер беше исто толку интригантен како и неговите филмски улоги. Со текот на годините, тој беше поврзуван со неколку познати жени во светот на забавата. Една од најпознатите врски на Вал Килмер била со Шер. Нивната романса започна во раните 1980-ти, и покрај 14-годишната разлика во годините, тие развија силна врска.

Шер во интервју во ноември 2024 година изјавила дека е „лудо вљубена“ во Килмер, но тој решил да ја прекине врската. Таа исто така истакна дека делеле слична смисла за хумор и меѓусебно почитување.

За потсетување, Вал Килмер почина на 66-годишна возраст од пневмонија. Веста ја потврди неговата ќерка Мерцедес Килмер, која ја имаше во бракот со актерката Џоан Вели.

На Килмер му бил дијагностициран рак на грлото во 2014 година, по што бил подложен на хемотерапија, зрачење и операции, вклучително и трахеотомија, која трајно му го променила гласот и го отежнала говорот. И покрај тоа што подоцна беше прогласен за излечен од рак, последиците од болеста ги одбележаа последните години од неговиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот