
Шер: Осуден убиец сакаше да ме однесе во кревет. Имав само 15 години…
Пејачката Шер во првиот дел од дводелните мемоари откри дека покојниот музички продуцент и осуден убиец Фил Спектор ѝ предложил да имаат секс кога имала само 15 години. Таа опиша како го запознала Спектор преку нејзиниот поранешен партнер, музичарот Антонин ЛоТемпи.
Препорачано
Веднаш ја загрижило како продуцентот ја измерил од глава до пети.
– Можеби за многумина беше полубог, но чудно се однесуваше и не ми се допадна како зјапа во мене – напиша 78-годишната пејачка во мемоарите.
Како што пренесува Page Six, Спектор наводно ја замолил Шер да спие со него на француски јазик и бил шокиран кога младата девојка му одговорила на истиот јазик.
– Voulez-vous coucher avec moi? (Ќе спиеш ли со мене?) ми рече смеејќи се. Без да трепнам, му го возвратив погледот и му реков ‘Oui, pour l’argent’ (Да, за пари) – напиша Шер.
– Не мислеше дека ќе го разберам прашањето, а камоли да имам подготвен одговор – додаде таа.
Пејачката подоцна имала уште едно непријатно искуство со Спектор, кога нелегално го користел нејзиниот вокал во песна што ја објавил во Европа. Шер вели дека се обидел да ја заплаши со тоа што извадил пиштол и го вртел околу прстите.
– Не се плеткај со мене, Филип! Ова сум јас Шер, во ред? Спушти го проклетиот пиштол и вети ми дека никогаш повеќе нема да направиш такво нешто со мојата музика, во ред? – ја опиша пејачката својата реакција.
Таа тврди дека тој ѝ се извинил и веќе немале проблеми.
Спектор почина во 2021 година на 84-годишна возраст. Тој почина во затвор во Калифорнија додека отслужуваше доживотната затворска казна за убиството на актерката Лана Кларксон.