фото: facebook.com/fcshkendija

Шелбурн или Карабах потенцијални ривали на Шкендија во третото квалификациско коло за ЛШ

Фудбалерите на Шкендија, доколку го елиминираат ФЦСБ во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, во третото ќе се соочат со подобриот од двомечот Шелбурн (Ирска) – Карабах (Азербејџан), така одлучи денешната жрепка во Нион.

Македонскиот првак би бил домаќин на првиот меч закажан за 5/6 август, а реванш ќе се игра една недела подоцна на теренот на противникот.

Тетовските „црвено-црни“ успешно ги стартуваа квалификациите откако во првото коло беа подобри од велшкиот ТНС.

Лига на шампиони
Трето квалификациско коло

РФС (Летонија)/Малме (Шведска) – ФК Копенхаген (Данска) – Дрита (Косово)
КуПС Куопио (Финска)/Каират Алмати (Казахстан) – Слован Братислава (Словачка)/Зрињски Мостар (БиХ)

Лех Познањ (Полска)/Бреидаблик (Исланд) – Линколн Ред Импс (Гибралтар)/Црвена звезда (Србија)
Риека (Хрватска)/Лудогорец (Бугарија) – Ноа (Ерменија)/Ференцварош (Унгарија)

Хамрум Спартанс (Малта)/Динамо Киев (Украина) – Пафос (Кипар)/Макаби Тел Авив (Израел)
Шкендија (Македонија)/ФЦСБ (Романија) – Шелбурн (Ирска)/Карабах (Азербејџан)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!