Гордан Грлиќ Радман / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Шефот на хрватската дипломатија смета дека Западен Балкан треба да остане во центарот на вниманието на ЕУ

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман денеска во Брисел истакна дека „Западниот Балкан треба да остане во центарот на вниманието на ЕУ“.

Во овој контекст тој спомна и утрешната посета на БиХ на претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и холандскиот премиер Марк Руте, пренесува Хина.

– Ќе го поттикнат реформскиот процес во Босна и Херцеговина со цел отворање на пристапните преговори во март, изјави Грлиќ Радман пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Тој најави и дека „ќе ја нагласи потребата од внимателно следење на развојот на ситуацијата во Црна Гора, земја што неодамна ја посети, со цел таа да остане на европскиот пат“.

Главни теми на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ се ситуацијата на Блискиот Исток и дискусијата за долгорочните безбедносни обврски кон Украина и воената поддршка во војната со Русија.

Хрватскиот министер за надворешни работи најави дека ќе повика на напори за деескалација во Црвеното Море и за испорака на поголема помош во Газа и ослободување на сите заложници.

Што се однесува до Украина, тој рече дека поддршката на ЕУ мора да остане силна и предвидлива и дека е неопходно да се зголеми воената помош преку Европскиот мировен фонд (ЕПФ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот