
Шеф на „јакуза“ призна дека шверцувал нуклеарни материјали наменети за Иран
Такеши Ебисава, кој е еден од лидерите на јапонскиот криминален синдикат „Јакуза“ вчера пред судот во Менхетен призна вина за заговарање и создавање на криминална мрежа чија цел била нелегално да изнесе нуклеарни материјали како ураниум и плутониум од Мјанмар.
Препорачано
Тој е во притвор во САД уште од април 2022 година, откако бил уапсен во акција на агенцијата ДЕА како дел од меѓународна операција за нелегална продажба и криумчарење на дрога и оружје, пишува Ројтерс.
Овој случај започнал во февруари минатата година, кога Ебисава бил осомничен за шверц на нуклеарни материјали ископани и добиени од бунтовничка група од Мјанмар, за кои се сомневало дека биле наменети да се испратат на Иран за вооружување на нивните нуклеарни боеви глави. Тајландската полиција ги запленила овие материјали од Мјанмар и ги предала на американските власти, кои потврдиле дека содржат ураниум и плутониум.
– Тој паралелно со ова кривично дело, бил на чело на уште една нелегална операција за криумчарење на огромни количини хероин и метамфетамин во САД, во замена за противвоздушни ракети наменети да се користат на боиштата во Бурма, а исто така се верува дека бил дел од мрежа за перење на пари од дрога, која била распространета од Њујорк до Токио – изјави обвинителот Едвард Ким.
Ким додаде дека 60-годишниот шеф на јапонското подземје пред судот го признал шверцувањето на нуклеарни материјали, а исто така се произнесол како виновен во обвинението за меѓународен шверц на дрога и оружје.
Обвинителството го опишало Ебисава како „лидер на организираниот криминален синдикат Јакуза, која е високо организирана, транснационална јапонска криминална мрежа што оперира низ целиот свет и чии криминални активности опфаќаат шверцување на огромни количини на дрога и оружје“.
Операцијата на јапонскиот криминалец била откриена со помош на заедничка соработка на властите од САД, Индонезија, Јапонија и Тајланд.
Од обвинителството изјавија дека Ебисава ќе се соочи со затворска казна до 20 години за меѓународно криумчарење на нуклеарни материјали, а се уште не е познато кога ќе биде донесена конечната пресуда.
Уапсен шеф на јакуза, кој се обидувал да продаде материјал за атомска бомба