фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Шчесни повеќе не е голман на Јувентус

До сега првиот голман на Јувентус, Војчех Шчесни повеќе нема да го носи „црно-белиот“ дрес на Старата дама, откако двете страни се договориле за раскин на договорот.

Со доаѓањето на Тијаго Мота почнаа сериозни промени во редовите на италијанскиот фудбалски клуб.

Ваквото сценарио се навестуваше веќе некое време. Матија Перин почна да добива повеќе шанси, а од Монца беше доведен Ди Грегорио.

Затоа, немаше повеќе место за Полјакот Шчесни. И самиот реши да не го чека крајот на договорот следното лето, туку сега ќе се обиде да најде нов клуб.

Полскиот голман во кариерата бранеше и за екипите на Арсенал, Брентфорд и Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот