Фото: Инстаграм/„Call Her Daddy“

ВИДЕО | Шарлиз Терон откри: „Неодамна имав секс за една вечер со 26-годишен дечко и беше одлично!“

Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон ретко зборува јавно за својот приватен живот, но направи исклучок во нејзиното најново гостување во поткастот „Call Her Daddy“.

Додека го промовираше новото продолжение на филмот „Старата гарда 2“ (The Old Guard 2), актерката откри дека неодамна имала интимно искуство со 26-годишен маж.

„Навистина беше неверојатно. Никогаш порано не сум направила такво нешто. Си реков: ‘Ова е одлично, вака треба!’“, сподели 49-годишната Терон.

Таа додаде дека во животот имала само неколку авантури за една ноќ, но оваа ѝ оставила силен впечаток.

Водителката Алекс Купер, која ја водеше емисијата, и со доза на хумор прокоментира: „Тој 26-годишник е најсреќниот човек на светот“. На тоа Терон со смеа одговори: „Не мислам така, но благодарам“.

Терон, која е самохрана мајка на ќерките Џексон (12) и Огуст (9), веќе подолго време не е во јавна љубовна врска. Во минатото беше поврзувана со актери како Шон Пен, Стјуарт Таунсенд и пејачот Стефан Џенкинс. Актерката отсекогаш била отворена дека нема желба за брак, но изјави дека е подготвена за повремени авантури.

„Сега кога сум во четириесеттите, чувствувам слобода. Имав чувство: ‘Зошто ова не го правев кога бев во дваесеттите?’. Поголемиот дел од времето бев во долги врски. Потоа станав мајка. Ајде да бидеме реални – кој има време за состаноци, бричење, средување? Имам две деца што треба да ги носам на училиште“, рече Терон.

Таа се осврна и на темата сексуална самодоверба кај жените.

„Жените што изгледаат самоуверено, гласно и јасно, често се оние кои сакаат да го задоволат партнерот, а не себе. Тоа треба да се смени. Треба да си кажеме: ‘Сакам задоволство. И тоа е во ред’“, изјави актерката.

На крајот додаде: „Мој совет е да не се откажувате од вашето задоволство. Ќе имате подобро сексуално искуство, а и партнерот ќе биде посреќен. Секако, сè тоа треба да се прави безбедно и со почит“.

Филмот „Стара гарда 2“ веќе е достапен за гледање на филмските платформи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот