
Шарлиз Терон одговори на гласините дека направила пластична операција: Јас само стареам
Познатата актерка Шарлиз Терон конечно одговори на гласините дека направила пластична операција, поради што беше особено пофалена од нејзините обожаватели, пишува „Пипл“.
Препорачано
Во недоамнешното интервју за магазинот „Алур“, актерката отворено проговори за гласините дека направила пластична операција. 48-годишната Шарлиз зборуваше за убавината и младоста, во пресрет на одбележувањето на јубилејот од две децении, како заштитно лице на најпродаваниот мирис на Диор,„ J’Adore“.

„Моето лице се менува. И сакам што моето лице се менува и старее. Луѓето мислат дека сум направила пластична операција. Тие прашуваат: „Што направи таа со нејзиното лице?“. Јас всушност сакам да кажам: „Јас само стареам! Тоа не значи дека имав лоша пластична операција. Тоа е токму тоа што се случува“, изјавила актерката.
Без разлика што Шарлиз го сака својот природен изглед и го прифаќа стареењето, таа додала дека не гледа со осудување на поединци кои се одлучуваат за естетската хирургија. Ѕвездата забележала дека другите жени го прифаќаат стареењето на свој начин и ги повика сите да бидат „емпатични околу таа тема“.

Зборувајќи за двојниот стандард на стареење меѓу мажите и жените, таа истакнала дека го презира концептот дека „мажите стареат како вино, а жените како скинати цвеќиња“.
Обожавателите веднаш ја пофалија Шарлиз за нејзиниот позитивен став кон стареењето и едноставно ја нарекоа икона.
Иако, вели дека стареењето го прифатила на свој начин, таа признала дека има еден аспект на стареењето на кој тешко се навикнува – тоа што нејзиното тело се менува.

„Повеќе од моето лице, би сакала утре да го имам моето тело на 25 години.“, додала таа.
На крајот, таа додала дека, најважната работа е грижата за себе, почитувајќи го своето тело и здравје.
Charlize Theron talks plastic surgery rumors and makes it clear that she hasn’t gone under the knife. pic.twitter.com/CO6P9wwDoa
— E! News (@enews) August 18, 2023
ФОТО | Шарлиз Терон си фати ново момче, згодниот Хрват Алекс Димитриевиќ