Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Шарлиз Терон наполни 50 години! На 15 години беше сведок на убиството на татко ѝ, никогаш не се омажи, посвои две деца и го оствари својот сон

Шарлиз Терон денес го слави својот 50. роденден и не го крие фактот дека имала тешко минато. Нејзиното детство било обележано со трауматична семејна ситуација. На 15-годишна возраст, таа била сведок на трагичен настан – нејзината мајка Герда го убила нејзиниот насилен татко во самоодбрана, што засекогаш го променило животниот пат на Шарлиз.

„Раната трагедија ме научи дека нема вечност“, изјавила таа во едно интервју.

Својата кариера ја започнала како модел и танчарка, а судбината ја однела во Холивуд. Таа го направи својот холивудски пробив кон крајот на 1990-тите со улоги во филмовите „Адвокатот на ѓаволот“ и „Животот нема правила“. Благодарение на нејзината харизма и актерски талент, таа стана едно од најпрепознатливите имиња во холивудската филмската индустрија.

Никогаш не се омажи и отворено зборуваше за тоа како никогаш не чувствувала дека бракот е нешто неопходно во животот. Но, сепак ја оствари својата најголема желба и стана мајка. Актерката ја посвои ќерката Џексон во 2012 година, а три години подоцна и ќерката Август. Патем, Шарлиз им објасни на странските медиуми дека кога го посвоила Џексон, мислела дека е момче, но Џексон ѝ рекол на 3-годишна возраст: „Не сум момче“ и оттогаш ја поддржува својата ќерка во нејзината одлука.

„Секогаш знаев дека ќе бидам мајка. Не знаев како или кога, но не чувствував дека ми треба партнер за тоа“, рекла таа еднаш.

Таа нагласи дека мајчинството го трансформирало нејзиниот живот и дека сериозно ја сфаќа својата улога, додавајќи дека семејството не се базира на крвни врски, туку на љубов, прифаќање и одговорност.

Нејзината одлука да не се омажи често беше тема на медиумски дискусии, но таа остана доследна на овој став.

„Бракот никогаш не ми беше приоритет. Никогаш не сонував за бел фустан. Но, сонував да бидам мајка“, рекла таа.

Шарлиз постојано покажува дека не е потребно да се следат традиционалните шеми за некој да биде исполнет, сакан и среќен, и дека не е потребен партнер за да стане мајка. Нејзиното семејство е различно и таа е горда на тоа. Таа вешто ги балансира кариерата и родителството, а во исто време испраќа силна порака до жените ширум светот дека можат да го изберат својот пат и дека сè може да има смисла.

Таа имаше неколку познати врски во минатото, како врските со актерите Стјуарт Таунсенд и Шон Пен…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот