фото: vfmkd.org.mk

Шампионската круна останува кај одбојкарите на Струмица 47&72

Шампионската круна во македонското одбојкарско првенство во машка сениорска конкуренција останува во рацете на Струмица 47&72, која во четвртиот натпревар од финалната серија со 3:1 (25:21, 25:19, 16:25, 25:23) славеше против Штип УГД и со 3:1 во победи ја одбрани титулата.

Струмичките одбојкари ја освоија осмата шампионска титула во низа или вкупно 12-та во клупската историја, со која ја продолжуваат доминацијата на домашната сцена.

Откако го загуби третиот меч од серијата во Штип, бранителот на титулата беше решен да стави крај на неизвесноста во финалето на плеј-офот. Тргнаа моќно струмичани и стигнаа до предност од 2:0 во сетови.

Подзастанаа само за момент во третиот сет од дуелот, како да им беше потребно да земат здив, а потоа во крајно возбудлив четврти сет дојдоа до победата. Се имаше впечаток дека рутински Струмица 47&72 ќе дојде до пехарот, со оглед на тоа дека имаше предност од 20:13, но Штип УГД се врати со серија од 1:8 и изедначи на 21:21… Драмата во финишот струмичани ја решија со реализирана прва сет и меч точка со која започна шампионското славје во салата „Парк“ во Струмица.

Нилсен со 26 поени, Кинтеро со 15 и Лепидовски со осум беа лидери на Струмица 47&72, додека кај Штип УГД особено расположен беше Задмард со 21 поен, додека Багаев постигна 18, а Гомез осум поени.

Како утеха за Штип УГД остана тоа што тимот ја освои Куп-титулата оваа сезона, па така најдобрите два тима во првенството ги поделија круните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот