Фото: МИА

Шаќири во Струга на првиот ден од државната матура: Прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска беше во посета на Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга каде учениците од завршните години го полагаа првиот дел од матурскиот испит за учебната 2023/24 година.

Тој на матурантите им посака успешно заокружување на средното образование со овој чин што е законска обврска и неопходен услов за натамошно продолжување на образованието.

Како што посочи, учениците полагаат два екстерни предмети, два интерни предмети и подготвуваат проектна задача, додека задолжителен за сите е мајчиниот јазик што се полага денеска, а следните се закажани за 8 јуни.

„Прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули (30 дена од полагањето на последниот испит), по што ќе следи можноста за поднесување приговори. Материјалите за подготовка на учениците, вкупно 14.834 пријавени, им беа навремено достапни и ценам дека не би требало да имаат потешкотии при полагањето и дека сите заедно успешно ќе го завршиме овој процес“, рече министерот Шаќири.

Клучна новина годинава, како што истакна, е тоа што учениците полагаат во пошироки просторни услови, односно во холовите и салите на своите училишта, или во најблиското каде има соодветни услови, наместо како досега во училниците.

„Намерата е да се обезбеди поголема транспарентност и објективност на процесот. Оние кои се вклучени како набљудувачи и тестатори во државната матура, на овој начин имаат полесна контрола и увид во однесувањето на учениците за време на полагањето и практично очекуваме да бидат елиминирани обидите за манипулации и злоупотреби одредени начини или помагала при пополнувањето на тестовите„, рече тој.

За текот и регуларноста на самиот испитен процес се задолжени околу две илјади наставници и околу 250 набљудувачи.

„Уште еднаш им посакувам среќа и успех на сите ученици на матурата, но и успех во понатамошната реализација на образовните и животните цели кои ги имаат зацртано и секако, тоа нека биде во границите на нашата држава, бидејќи тука припаѓаат и тие се иднината од која сите имаме големи очекувања“; порача министерот Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот