
Шаја ЛаБоф обвинет за сексуално и психичко злоставување
Пејачката „FKA twigs“ (32) го тужеше нејзиното поранешно момче, Шаја ЛаБоф (34), обвинувајќи го актерот за сексуално злоставување, навреди и нанесување на емоционална вознемиреност.
Препорачано
Тие се забавувале околу една година во периодот од 2018 и 2019 година, а се зближиле по нивната соработка во филмот „Honey Boy“.
Пејачката поднесе тужба против него во Врховниот суд во Лос Анџелес, велејќи дека ЛаБоф повредува жени, ги користи и ги злоупотребува психички и физички, пренесува „Variety“.
Во тужбата се издвојуваат мноштво ужасни обвинувања, создавајќи неверојатна слика за актерот ЛаБоф, кој е истакнат уметник и покрај долгата историја на проблеми со законот кои често ја засенуваат неговата кариера.

Пејачката Тахлиа Барет позната како „FKA twigs“ започнува судски процес и бара целосна истрага на случајот тврдејќи дека ЛаБоф еднаш ја разбудил насилно, почнал да ги стиска нејзините раце против нејзина волја и потоа почнал да ја гуши. Наводниот инцидент се случил за време на нивно патување за Денот на вљубените во 2019 година.
Како што изјавила пејачката тие имале низа непријатни инциденти, кои почнале почесто да се случуваат и дека тој смртно ѝ се заканувал доколку таа не му потврди „вечна љубов“.
Кога Шаја добил улога во филмот „The Tax Collector“, толку се внел во неговиот лик, што во реалниот живот почнал да ја живее улогата на гангстер. Возел низ Лос Анџелес, пукајќи во кучиња скитници, со цел да влезе во „умот“ на убиецот што треба да го игра во филмот. Пејачката, која воедно е љубител на животни, била „длабоко вознемирена и преплашена“ од неговото однесување.

Тој барал да спие гола и ја принудувал да гледа документарни филмови за убиени жени пред спиење. Очигледно бил параноичен по претрпени пробивања во неговиот дом, па спиел со наполнета пушка со муниција покрај нивниот кревет, но инсистирал влезната врата да биде отклучена.
„FKA twigs“ се чувствувала „заробена“ во нивниот заеднички кревет, исплашена дека може да ја застрела во секој момент и како што вели таа, често среде ноќ им испраќала пораки на пријатели за да смислат „план за бегство“.
Шаја континуирано ја омаловажувал својата тогашна девојка и е обвинет за чести испади на бес и љубоморни напади. Тој бил толку посесивен, што дури ги броел бакнежите што ќе му ги даде во текот на денот и ако не било доволно, збеснувал.

Адвокатите на актерот засега немаат коментар за наводните обвинувања. Но, Шаја ЛаБоф, ги демантирал сите обвинувања во изјава за „New York Times“.
„Не сум во каква било позиција да кажам како моето однесување ги натерало да се чувствуваат. Немам изговори за мојот алкохолизам или агресија, туку само рационализации. Со години сум бил навредлив кон себеси и кон сите околу мене. Имам проблеми со фактот дека сум ги повредил најблиските луѓе. Се срамам од таа историја и жалам за оние што ги повредив. Навистина не можам ништо друго да кажам“, стои во изјавата на актерот.
Пејачката во тужбата навела дека нејзиниот живот станал „жив кошмар“ и дека Шаја се обидувал постепено да ја стекне нејзината доверба со намера да ја злоупотреби и да почне со вербалното и ментално малтретирање.

Адвокатот на тужителот, Брајан Фридман изјавил дека тој и неговиот клиент се обиделе приватно да ја решат работата „под услов г-дин ЛаБоф да се согласи да добие значаен и конзистентен психолошки третман“, но тој не бил подготвен да се согласи да добие соодветна помош и пејачката морала да поднесе тужба со обид да спречи да не страдаат и други од слична злоупотреба од него.
Шаја има долга историја на правни прашања. Во текот на неговата кариера, неговото однесување постојано се провлекуваше по медиумите. Во 2015 година во јавноста се појави видео од жестока расправија во Германија, помеѓу него и неговата поранешна девојка Миа Гот, каде актерот се претвора во вистински насилник и се слуша како вели „Да останев таму, ќе ја убиев“.
„Предолго, ЛаБоф се обидуваше да ги оправда своите осудувачки постапки како ексцентричности на слободоумниот уметник“, се наведува во тужбата. „И покрај тоа што неговата историја на насилно однесување беше добро документирана, многумина во медиумите го третираа ЛаБоф како безопасна фигура, што му помогна да го овековечи својот циклус на злоупотреба на жени низ годините“.
Во тужбата се наведува дека „FKA twigs“ го тужи актерот со цел да им помогне на жените, а не од парични причини. Доколку добие пари од судскиот процес, таа има намера „значителен дел“ да донира во организации кои им помагаат на луѓе жртви на семејно насилство.

И пејачката Сиа се споритвстави на актерот со објава на нејзиниот профил на социјалната мрежа „Твитер“:
„И јас сум емоционално повредена од Шиа, патолошки лажго, кој ме поврза во прељубнички однос тврдејќи дека не е во врска. Верувам дека тој е многу болен и имам сочувство кон него и неговите жртви. Само знајте, ако се сакате – останете безбедни, држете се настрана“, напиша таа.
„Исто така, те сакам „FKA Twigs“. Ова е многу храбро и јас сум многу горда на тебе“, дополнително напиша пејачката Сиа.