Шојгу и Ким Џонг Ун во Пјонгјанг/Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Северна Кореја ќе испрати миноловци и војска за обнова на Курск, соопшти Москва

Москва денес објави дека Пјонгјанг ќе испрати илјадници севернокорејски воени инженери и работници за да помогнат во обновата на рускиот Курски регион, кој беше делумно окупиран од украинските сили од август 2024 до пролетта 2025 година.

„Пет илјади луѓе, како дел од работничката дивизија, ќе ја преземат обновата на Курскиот регион“, изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу по разговорот што го имал во Пјонгјанг со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, објавија руските новински агенции.

Во овој контекст, Северна Кореја ќе испрати и илјада миноловци во Русија за чистење на мини во Курската област, изјави Шојгу за новинарите во Пјонгјанг.

„Исто така, беше постигнат договор за продолжување на конструктивната соработка по протерувањето на напаѓачите од руска територија, имено за обезбедување помош од корејска страна во обновата на Курската област. Претседателот на Комисијата за државни работи Ким Џонг Ун донесе одлука за испраќање илјада миноловци во Русија за чистење на мини на руска територија“, нагласи Шојгу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот