Северна и Јужна Кореја граница EPA-EFE

Сеул нареди отстранување на звучниците што емитуваат пропаганда против Северна Кореја

Јужнокорејските власти денес почнаа да ги отстрануваат звучниците што емитуваат пропагандни пораки против Северна Кореја по должината на границата, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја, додека новата влада на претседателот Ли Џе-мјунг се стреми да ги намали тензиите со Пјонгјанг.

„Отстранувањето на јужнокорејските звучници е само практична мерка за намалување на тензиите меѓу Југот и Северот“, соопшти денес Министерството за одбрана на Јужна Кореја, објави Ројтерс.

Кратко по преземањето на функцијата во јуни, обидувајќи се да го оживее замрзнатиот дијалог со Северна Кореја, Ли нареди прекин на емитувањето на пропагандна содржина што е критична кон севернокорејскиот режим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот