Слободен Печат - Не безбедна храна на зелени пазари / Фото - Методи Здравев

Сет од седум мерки за полесен живот и повисок стандард, предлага СДСМ

Сет од седум мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните ќе предложи СДСМ, најави лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција.

-Првата мерка е намалување на ДДВ на струјата од 18 на 5 проценти. Така на пример за сметка од 3.000 денари намалувањето ќе биде за околу 400 денари. Намалување на ДДВ на основните прехранбени производи и оваа мерка во комбинација со дополнителни политики за замрзнување на маржи и на цени може да овозможи намалување на цените на некои прехранбени продукти и за 30 отсто. Замрзнување на цените на основни прехранбени производи во следните три месеци. Фиксирање на маржите на основни прехранбени производи за да се елиминира ризикот од манипулации. Бараме итно спроведување на Законот за нефер трговски практики, намалување на цената на зелениот картон за автомобили и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите – рече Филипче.

Според него, сумата на придонеси ќе остане на сегашното ниво на плати, а сето останато зголемување кое може да биде од 3.000 до 15.000 денари да оди кај работниците, а притоа работодавачите да не плаќаат придонеси на таа сума. Филипче вели дека сетот мерки ќе придонесе да им се олесни животот на граѓаните, ќе го стабилизира системот и граѓаните полесно ќе се справуваат со секојдневните предизвици.
Според лидерот на СДСМ мерките ќе ги предложат бидејќи граѓаните се под огромен притисок и зашто значајно е влошена економската состојба и стандардот, или како што вели, нема нешто што не е поскапено, од основните прехранбени продукти, парното, струјата…
Тој смета дека Владата не нуди решенија, ниту има план како да го зголеми стандардот.

-Мерките за маржите се задоцнети, однапред се најавени, што им дозволува на трговците и на маркетите дополнително да ги зголемат цените за потоа да не го осетат замрзнувањето на маржите. Сметаме дека како една мерка нема да има ефект и затоа ќе предложиме сет на мерки.

Денеска, Владата на итна сендица се очекува да ја разгледа Предлог-одлуката подготвена од Министерството за економија за ограничување на маржите. Одлуката е донесена врз основа на извештајот од Државниот пазарен инспекторат кој покажа дека кај трговците на мало имало над 20 отсто маржа на основните прехранбени производи и над 30 отсто маржа кај средствата за лична хигиена, додека кај увозниците дистрибутери се евидентирани повисоки маржи кои одат дури и до 50 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!