Фото: МИА

Сериски убиец од Англија ќе остане во подземна стаклена самица до крајот на животот

Еден од најопасните сериски убијци во Англија до крајот на животот ќе остане во подземна самица, направена од стакло отпорно на куршуми, откако му беше одбиена жалбата да живее со други затвореници.

Станува збор за Роберт Модсли (68), кој се наоѓа во изолирана подземна ќелија под затворот Вејкфилд, поради убиство на четворица мажи во периодот од 1974 до 1978 година, пишува „Дејли мејл“, а пренесува Танјуг.

Раководителите на затворот процениле дека е премногу опасно да се мешаат со други затвореници и чувари во казнено-поправниот дом во Западен Јоркшир, објави „Дејли стар“.

Инсајдер изјави за весникот дека на Модсли минатиот месец му било кажано дека е одлучено да се одбие неговата жалба, бидејќи сака да го помине Божиќ во друштво на луѓе.

Модсли ќе го помине остатокот од својот живот во ќелија со димензии 5,5 x 4,5 метри, изградена специјално за него во 1983 година и направена од стакло отпорно на куршуми.

Тој поминува 23 часа на ден во ќелија, спие на бетон и користи тоалети и мијалници кои се зацементирани на подот.

Има маса и стол од иверица.

Првото убиство го извршил во 1974 година, кога имал 21 година.

Тој го убил Џон Фарел во Платон Грин во Лондон, откако овој му покажал фотографии од деца кои сексуално ги злоставувал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот