Железница, возови Шпанија /EPA-EFE/JOSE MANUEL VIDAL

„Сериозна саботажа“ – запреа возовите во Шпанија, поради кражба на бакарни кабли

Железничкиот сообраќај во Шпанија синоќа беше прекинат поради кражба на бакарни кабли.

Илјадници патници останаа заробени во возовите и на железничките станици во Шпанија, откако дел од брзите возови запреа. Според информациите, кражбата се случила во четири области во радиус од 10 километри.

Министерот за транспорт Оскар Пуенте на X објави дека станува збор за „сериозна саботажа“.

Утрово неколку возови тргнаа од Мадрид за Толедо, но линиите до градови како Севиља и Малага сè уште се прекинати, објави операторот на државната железничка инфраструктура ADIF на X.

Вработените на ADIF работат на замена на украдените кабли и враќање на сообраќајот. Илјадници луѓе се заглавени на станицата Аточи во Мадрид. Девет возови се заглавија меѓу станиците, а многу патници мораа да ја поминат ноќта во возовите, објави државниот радиодифузер TVE.

Инцидентот се случи откако минатата недела целата земја остана без електрична енергија, поради што железничкиот сообраќај беше во прекин.

Шпанија прогласи вонредна состојба поради проблемите со струјата, 30.000 полицајци ноќва ќе го чуваат редот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот