Фото: CF Monterrey

Серхио Рамос во новиот клуб ќе игра со дресот со број 93, а причината е Реал Мадрид

Шпанскиот ветеран Серхио Рамос во текот на целата своја кариера го носеше дресот со број четири како на клупско така и на репрезентативно ниво, но сега се одлучи за промена.

Рамос ќе игра за мексинскиот Монтереј и во овој клуб се одлучи на грбот да го носи бројот 93 и тоа причина е неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид.
Одлуката на Рамос ја објаснија „кралевивте“.

„Серхио Рамос ќе игра за Монтереј со бројот 93, а причината е голот во 93. минута на кој сите се сеќаваме. Тоа е посвета за нашите навивачи и секогаш ќе му бидеме благодарни“, стои во објавата на Реал Мадрид.

Во прашање е финалето од Лигата на шампионите во 2014 година кога Рамос против Атлетико погоди во завршницата за израмнување, а подоцна „кралевите“ во продолженијата го освоија трофејот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот