фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Сензација: Зандшулп го елиминираше Карлос Алкараз на САД опен

Третиот носител Карлос Алкараз е елиминиран во второто коло на тенискиот грен слем САД опен, откако Холанѓанецот Ботик Ван де Зандшулп славеше убедливо со 3:0 (6:1, 7:5, 6:4).

Четирикратниот Грен слем шампион уште од самиот почеток беше во подредена позиција.

Ван Зандшулп, моментно 74 играч во светот, целосно ја контролираше играта.

Тој беше неверојатен. Воопшто не ми даде поени, не правеше грешки, што ги очекував. И тоа како да ме вознемири. Моето ниво беше постојано исто и тоа не беше доволно за да си дадам шанса да победам.

Направив многу грешки, не ја удирав добро топката. Кога се обидов да се вратам беше предоцна. Тоа беше борба со себе, во мојот ум за време на мечот – рече Алкараз по поразот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот