
Сензација во Шангај: 204. тенисер на светот во четвртфинале!
Тенискиот свет е во шок по новото изненадување на Мастерс турнирот во Шангај. Тенисерот од Монако, Валентен Вашеро, кој моментално е 204. на АТП листата, направи неверојатен подвиг и се пласираше во четвртфиналето.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Вашеро во осминафиналето го совлада 31. играч на светот, Холанѓанецот Талон Грикспор, со резултат 2:1 во сетови – 4:6, 7:6 (1), 6:4.
Овој резултат е историски за 25-годишниот Моначанец, кој досега само еднаш настапил на Грен слем турнир – на Ролан Гарос во 2024 година, каде што беше елиминиран во првото коло.
Во четвртфиналето Вашеро ќе се соочи со Данецот Холгер Руне, 10. тенисер на светот, додека во другиот меч од овој дел на ждрепката ќе играат Новак Ѓоковиќ и Зизу Бергс.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
1час
-
3час
-
3час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5