
Сениорките во Минхен ќе ги дознаат ривалите во квалификациите за Евробаскет 2027
Најавени се измени во системот за натпреварување во квалификациите за наредниот женски Евробаскет во 2027 година. Вкупно 38 национални селекции кои го пријавија своето учество во квалификациите, ќе треба да поминат две фази, прва и втора квалификациска, преку четири „прозори“ на ФИБА.
Препорачано
Како ќе бидат распоредени ќе биде познато на свечената церемонија, односно жрепката која на 23 јули (од 13.00 часот), ќе биде организирана во Минхен, Германија.
Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација, заедно со оние на Естонија, Кипар, Австрија, Ирска, Азербејџан, ја дочекуваат жрепката во четвртата група на носители.
Во првата квалификациска рунда, ќе играат 27 селекции во периодот од ноември 2025 до март 2026 година. Втората рунда од квалификациите предвидува 24 национални тимови. Од нив, 17 се од првата квалификациска рунда, плус оние седум од квалификациските турнир за Светскиот Куп 2026 (Белгија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Чешка, Турција и Унгарија).
Поделени се во шест групи по четири-учесници (вкупно шест натпревари во два ФИБА „прозорци“, ноември 2026 и февруари 2027, во секој од нив ќе бидат одиграни по три натпревари).
Двете првопласирани селекции од секоја група, вкупно 12, ќе им се придружат на четирите домаќини на Евробаскетот во 2027 година (Белгија, Финска, Литванија и Шведска).
ЖДРЕПКА НА КВАЛИФИКАЦИСКИ ГРУПИ
Тимовите се распределени во четири „шешири“ (според актуелниот ФИБА ранкинг во женска сениорска конкуренција. Ко-организаторите на ЕП, репрезентациите на Белгија, Финска, Литванија и Шведска), ќе бидат ждребувани одвоени, и ќе ја формираат „Х“ натпреварувачката група.
ЛИСТА НА НОСИТЕЛИ
ПРВА ГРУПА
Србија, Велика Британија, Словенија, Црна Гора, Грција, Босна и Херцеговина, Словачка;
ВТОРА ГРУПА
Летонија, Португалија, Хрватска Украина, Полска, Швајцарија, Израел;
ТРЕТА ГРУПА
Луксембург, Холандија, Данска, Бугарија, Романија, Исланд, Норвешка;
ЧЕТВРТА ГРУПА
Естонија, МАКЕДОНИЈА, Кипар, Австрија, Ирска, Азербејџан;