EPA
Фото: EPA/ARMANDO ARORIZO

Семејството на Мајкл Џексон се закани со тужба против новинарот Мартин Башир: Сметаат дека тоа интервју ја уништи кариерата на „кралот на попот“

Семејството на Мајкл Џексон се закани со тужба против новинарот Мартин Башир. Имено, тие сметаат дека тоа интервју ја уништило кариерата на „кралот на попот“.

Семејството на Мајкл Џексон се закани дека ќе го тужи новинарот Мартин Башир за интервјуто кое многу одамна го направи со кралот на попот.

Дека семејството е подготвено да ја бара правдата, потврди и поранешниот телохранител на поп – ѕвездата, Мет Фидес, кој даде изјава за „Mirror“.

„Семејството ги разгледува законските можности да реагира, бидејќи тие веруваат дека портретирањето на Мајкл од страна на Башир и лагите што ги измислил за него, му ја уништиле кариерата“, истакнал тој.

Имено, во контроверзната емисија Башир разговарал со Мајкл за децата и бројните обвинувања за злоупотреба што ги добил кралот на попот. Семејството на Џексон верува дека Башир „го измамил пејачот да се согласи на интервју“.

Внук на пејачот, Таџ Џексон, го обвини Башир за манипулативно користење видеа и „неетичко новинарство“ и побара извинување од новинарот.

„Манипулативните снимки на Башир и неетичкото новинарство се една од главните причини зошто чичко ми Мајкл повеќе не е со нас. Судењето во 2005 година го скрши. Срамота е за оние кои му дадоа покритие на Башир. Срамота е за оние што го наградија. Моето семејство заслужува истрага и извинување“, напиша Таџ на „Твитер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот