Пи Диди / Фото: EPA

Семејството на Диди дојде во судот: Раперот трет пат се обиде да плати кауција од 50 милиони долари

Шон „Диди“ Комбс се врати пред судот во петокот, откако го обнови својот обид да биде ослободен со кауција од 50 милиони долари додека го чека судењето за обвиненијата за сексуална трговија и рекет, но судијата не донесе одлука и побара од двете страни да поднесат документи до понеделник, пишува „Јаху“.

Раперот Пи Диди пристигна во судот поради неговиот трет обид да добие кауција во случајот со трговија со луѓе. 55-годишниот хип-хоп магнат се појави пред федералниот судија во Њујорк каде неговите адвокати се обидоа да го ослободат.

Неговото семејство пристигна со големо комбе со затемнети стакла. Неговата мајка Џенис (84) излегла држејќи се за рака со синот на Диди, Кристијан „Кинг“ Комбс (26) и влегла во судот. Самиот Диди влезе во судот од споредна врата облечен во затворска жолта маица и панталони. Не му ставиле „лисици“ бидејќи неговите адвокати рекле дека тоа го навредува „достоинството“ на судот.

Раперот го поздравил своето смејство, им пратил бакнежи, направил знак за молитва со рацете, а потоа ги прегрнал адвокатите и седнал на масата каде што ги ставил очилата за читање за да прегледа некои документи.

Судијата Субраманијан му се заблагодари на семејството на Диди за нивното присуство и рече дека е „важно што се тука“.

Обвинителката Кристи Славик рекла дека Диди е „насилник и опасност за заедницата“, и затоа треба да остане во притвор.

Окружниот судија на САД, Арун Субраманијан, се очекува следната недела да донесе одлука за кауција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот