Фото: Инстаграм/Ивана Малиќ

Семејството е конечно заедно: Прва објава на вереницата на Милош Биковиќ откако станаа родители

Познатиот српски актер Милош Биковиќ првпат стана татко на 9 јануари. Неговата вереница Ивана Малиќ роди момче, кое го доби името Василије.

Сега семејството е конечно заедно, а среќните родители уживаат во првите моменти со својот наследник.

Ивана досега немаше објавено ништо откако се породи, а сега го направи тоа на својот инстаграм-профил, каде сподели слика од преслатко боди со мече за малото момче.

Фото: Инстаграм/Ивана Малиќ

Да потсетиме, Милош Биковиќ и Ивана Малиќ се во романтична врска нешто повеќе од две години.

Актерот за првпат ја претстави својата избраничка пред јавноста на премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“ („Јужни ветар 2: Убрзање“) во 2021 година.

Оттогаш тие беа на неколку патувања – од уживање на прекрасните плажи на Малдиви до скијање на француските Алпи.

Фото: Инстаграм/Ивана Малиќ

Инаку Малиќ е по потекло од Црна Гора, а по професија е правничка. Ова е прво заедничко дете за двојката.

„Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците нѐ доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки, а ги молиме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, дефинитивно ќе ве контактираме“, напиша Биковиќ на својот инстаграм-профил пред неколку месеци.

Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот