
Семејната расправија ескалираше: Бруклин Бекам не ги следи повеќе своите браќа Круз и Ромео на социјалните мрежи
Откако ѝ го честиташе 14-от роденден на својата сестра, многумина помислија дека Бруклин Бекам е на чекор да ги подобри односите со семејството, но една работа го покажа сосема спротивното. Имено, Бруклин Бекам ги отследи своите браќа Круз и Ромео на Инстаграм и покрај тоа што изгледаше како да понуди „рака за помирување“ во роденденската честитка упатена на неговата сестра Харпер.
Препорачано
Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, дваесет и шестгодишниот Бруклин, ѝ испрати роденденска порака на својата сестра Харпер за нејзиниот 14-ти роденден во четвртокот, што изненади многумина по шпекулациите дека тој нема да контактира со својата сестра.
Се чини дека односот на Бруклин со неговиот брат Круз се влошил, судејќи според фактот дека тој престана да го следи на социјалните мрежи. Со месеци се шпекулираше и за затегнатите односи меѓу Бруклин и Ромео, а се вели дека причината за ова е поранешната девојка на Ромео, Ким Тернбул.
Ким на 16 јуни проговори за шпекулациите и инсистираше дека имала само пријателски однос со најстариот син на Бекамови, објавува „Дејли мејл“.
Пораката за роденденот на Бруклин до Харпер претставува негова прва јавна интеракција со семејството откако ѝ оддаде почит на својата баба Сандра на 26 јуни, иако молчеше и не проговори по повод 50-тиот роденден на неговиот татко претходно истиот месец.
Потсетуваме, Тернбул наводно била во врска со Бруклин пред да започне врска со неговиот помлад брат. Сепак, изворите нагласија дека братската расправија нема никаква врска со љубомора, туку дека Бруклин е загрижен за можни скриени мотиви што Ким може да ги има за нејзината врска со другиот син на Бекам.
Во април оваа година, Ким и Ромео присуствуваа на забавата по повод 50-тиот роденден на Дејвид, која поранешниот фудбалер одлучи да ја прослави порано, додека Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц присуствуваа на гала-вечерта. Извори им кажаа на медиумите дека братската расправија е причината зошто најстариот син на Бекам и неговата сопруга не биле на забавата. Според извештаите, двојката не планира да присуствува на никакви јавни настани на кои присуствува Тернбул.
Според изворите, Бруклин и Никола исто така ја пропуштија ревијата на Викторија Сикрет во март поради кавга. Во ноември 2024 година, Ромео откри на социјалните мрежи дека се забавува со Ким. Тој беше фатен како се бакнува со Греј Соренти еден месец пред неа, а претходно беше во врска со Миа Реган. Ромео и Миа беа заедно пет години и раскинаа во февруари 2024 година.