Имер Селмани / Утрински брифинг
Имер Селмани / Утрински брифинг

Селмани: Алијанса поминува низ најтежок епилог, партијата е најголем губитник

Состојбите во Алијанса на Албанците не се изненадување за поранешниот министер Имер Селмани, кој во вечерашното издание на Вин-Вин рече дека се минува низ најлошиот епилог во внатрепартиските однесувања во изминатите три-четири месеци, но и партиското позиционирање во пресрет на претседателските и парламентарни избори.

„Лично ги познавам повеќе луѓе во структурата на Алијанса на Албанците. И Таравари и Села ги познавам најмалку 20-тина години. Имаше ситни недоразбирања во последните шест месеци, меѓутоа ниту јас на крај не очекував дека толку драматично ќе биде почетокот на една голема поделба во Алијанса на Албанците“, изјави Селмани.

Најголем губитник, според него, ќе биде партијата, самите членови, самата структура, самите граѓани кои полагаа одредени надежи во таа партија.

„Структурата во подограноците, ограноците сега треба да одлучуваат меѓу Села и Таравари. Знам дека на многу луѓе им паѓа многу тешко и тешко се одлучуваат со кого ќе продолжат понатаму“, рече Селмани во вечерашното гостување на Вин Вин на ТВ Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот